Стар Завет

Нов Завет

Осија 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господовото слово што му дојде на Осија, синот Веириев, во денови на Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејските цареви, во деновите на Еровоам, синот Јоасов, израелскиот цар.

2. Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.”

3. И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син.

4. Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом.

Прочитајте целосна глава Осија 1