поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господовото слово што му дојде на Осија, синот Веириев, во денови на Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејските цареви, во деновите на Еровоам, синот Јоасов, израелскиот цар.

2. Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.”

3. И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син.

4. Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом.

5. И во тој ден ќе го скршам израелскиот лак во Езраелската Долина.”

6. И таа пак зачна и роди ќерка. И Господ му рече: „Наречи ја со името: Непомилувана (Ло-Рухама), зашто отсега нема да ми биде мила Израелевата куќа, ќе се повлечам од неа;

7. а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.”

8. Кога ја одби Непомилувана (Ло-Рухама), пак зачна и роди син.

9. И Господ рече: „Наречи го со името Ло-Амиј (Не-Мој- Народ), зашто веќе не сте Мој народ, и Јас веќе не Сум ваш Бог.”

10. А Израелевите деца ќе бидат на број како мроска песок што не може да се измери ни да се изброи. Во место каде што им зборуваат: Вие не сте Мој народ, ќе ги наречат: Синови на Живиот Бог.

11. Ќе се обединат Јудините синови и Израелевите синови, ќе си постават за себе еден главатар и ќе заминат од земјата: зашто голем ќе биде езраелскиот ден.