9. Зашто ние сме робови, но во нашето ропство нашиот Бог никогаш не нè остави: туку ни даде па најдовме милост кај персиските цареви, ни даде сила да го подигнеме Домот на нашиот Бог и да ги обновиме неговите урнатини, и ни набави засолниште во Јудеја и Ерусалим.
10. Но сега, што можеме да речеме, наш Боже, кога по сè тоа не водевме грижа за Твоите заповеди
11. кои ги заповеда преку Твоите слуги пророците со овие зборови: ‘Земјата во која влегувате да ја населите е нечиста земја од нечистотата на народите на земјата, од нивните гнасости, со кои се наполнија од едниот крај до другиот.
12. Затоа не ги давајте вашите ќерки за нивните синови, и не земајте ги нивните ќерки за вашите синови; не посакувајте ги никогаш нивниот мир и нивната среќа, за да станете силни, за да ги јадете најдобрите плодови на земјата и за да им ја оставите засекогаш во наследство на вашите синови.’
13. И по сè што ни се случи заради нашите лоши дела и заради нашата голема вина, добро е, о наш Боже, што си ги сметал нашите злодела помали отколку што е нивната злоба и што ни го остави Остатоков!
14. Зар можеме и натаму да ги прекршуваме Твоите наредби и да се врзуваме со овие гнасни народи? Зар не би се расрдил Ти и зар не би нè сотрел, така што не би останале повеќе ни Остатокот ни некој спасен?
15. Господи, Израелев Боже, по Твојата праведност ние останавме Остаток, како што сме денес: еве нè пред Тебе со нашиот грев! Навистина не би сме смееле да стоиме пред Тебе заради него!”