Стар Завет

Нов Завет

Неемија 7:22-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. до сто таланти сребро, сто кори пченица, сто вати вино, сто вати масло, а сол по желба.

23. Сè што ќе нареди небесниот Бог, нека се изврши веднаш со сета горделивост за Домот на небесниот Бог, та Неговиот гнев да не дојде врз царевото царство и врз неговите деца.

24. И уште ви јавуваме дека не смее да се наложува данок, ниту порез, ниту царина ниту на еден од свештениците, левитите, певците, нетинците и на другите службеници на Божјиот Дом.

25. А ти, Езра, според мудроста на твојот Бог, која ја имаш во рацете, постави службеници и судии, кои ќе му судат на целиот народ од онаа страна на Реката, то ест на сите, кои го познаваат Законот на твојот Бог. Кој не знае, поучете го вие.

26. Кој не ќе го извршува Законот на твојот Бог - што е и царев закон - нека биде осуден остро: на смрт, на заточение, на глоба во сребреници или на темница.”

27. Благословен нека е Господ, Бог на нашите татковци, Кој го вдахнови царевото срце за да го прослави Господовиот Дом во Ерусалим,

28. и Кој ја сврти кон мене милоста на царот, на неговите советници и на сите најсилни царски службеници. А јас се осмелив, зашто раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав Израелевите главатари да тргнат со мене.

Прочитајте целосна глава Неемија 7