Стар Завет

Нов Завет

Неемија 7:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И погрижи се со тие сребреници да купиш јунци, овни и јагниња, а исто така и дарови и налевниците што одат со тоа: принеси го тоа врз жртвеникот на Домот на вашиот Бог во Ерусалим.

18. Со среброто и златото што ќе остане направете, ти и твоите браќа, како што ќе ви се свиди најмногу, исполнувајќи ја волјата на вашиот Бог.

19. Посатките што ги прими за служба во Домот на твојот Бог остави ги пред твојот Бог, во Ерусалим.

20. И што ќе треба уште за Домот на твојот Бог и што би требало да се набави, ќе примиш од царската ризница.

21. Јас, царот Артаксеркс, уште им заповедам на благајниците оттаде Реката: сè што ќе побара од вас свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, дајте му веднаш најточно,

22. до сто таланти сребро, сто кори пченица, сто вати вино, сто вати масло, а сол по желба.

23. Сè што ќе нареди небесниот Бог, нека се изврши веднаш со сета горделивост за Домот на небесниот Бог, та Неговиот гнев да не дојде врз царевото царство и врз неговите деца.

24. И уште ви јавуваме дека не смее да се наложува данок, ниту порез, ниту царина ниту на еден од свештениците, левитите, певците, нетинците и на другите службеници на Божјиот Дом.

25. А ти, Езра, според мудроста на твојот Бог, која ја имаш во рацете, постави службеници и судии, кои ќе му судат на целиот народ од онаа страна на Реката, то ест на сите, кои го познаваат Законот на твојот Бог. Кој не знае, поучете го вие.

26. Кој не ќе го извршува Законот на твојот Бог - што е и царев закон - нека биде осуден остро: на смрт, на заточение, на глоба во сребреници или на темница.”

27. Благословен нека е Господ, Бог на нашите татковци, Кој го вдахнови царевото срце за да го прослави Господовиот Дом во Ерусалим,

28. и Кој ја сврти кон мене милоста на царот, на неговите советници и на сите најсилни царски службеници. А јас се осмелив, зашто раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав Израелевите главатари да тргнат со мене.

Прочитајте целосна глава Неемија 7