Стар Завет

Нов Завет

Неемија 5:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Но кога нашите татковци го расрдија Бога на небото, Тој ги предаде во рацете на Халдеецот Навуходоносор, вавилонскиот цар, кој го разурна Храмов и го одведе народот на заточение во Вавилон.

13. Но во првата година на вавилонскиот цар Кир, царот Кир заповеда да се изгради повторно Божјиов Дом.

14. Уште и златните и сребрените посатки на Божјиот Дом, што Навуходоносор ги беше однесол од Светилиштето во Ерусалим и што ги пренесе во вавилонското светилиште, царот Кир ги зеде од светилиштето во Вавилон и ги предаде на човекот по име Сасавасар, кого го постави управител,

15. и му рече: „Земи ги овие посатки, оди и стави ги во ерусалимското Светилиште, и Божјиот дом нека биде ѕидан на старото место.”

16. И така тој Сасавасар дојде и ги постави основите на Божјиот Дом во Ерусалим. И оттогаш па до денес се гради, и уште не е довршен.’

17. И така, сега, ако царот сака, нека се истражува во царското писмочувалиште во Вавилон, дали навистина царот Кир дал повелба да се изгради Божјиот Дом во Ерусалим. А царската одлука за тоа нека ни биде соопштена.”

Прочитајте целосна глава Неемија 5