Стар Завет

Нов Завет

Неемија 4:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Царот нека знае: ако биде изграден овој град и ѕидовите подигнати, не ќе се плака веќе данок, ни порез, ни царина, и овој град ќе и биде на штета на царската благајна.

14. Бидејќи јадеме дворска сол, не ни прилега да го гледаме овој срам нанесен на царот. И така, затоа го известуваме царот:

15. нека бидат преземени истражувања во летописите на твоите татковци: во тие летописи ќе најдеш и ќе утврдиш дека овој град е одметнички град, несреќен за царевите и покраините и дека во него беа кревани буни од памтивека. Затоа беше разурнат овој град.

16. Го известуваме царот дека нема да биде твое подрачјето преку Реката, ако овој град биде повторно изграден и ѕидовите подигнати!”

17. Царот го испрати овој одговор: „До управителот Реум, до тајникот Симсај и до другите нивни другари, кои престојуваат во Самарија и на друго место, оттаде Реката - мир! Еве,

18. поднесокот што ми го испративте беше прочитан пред мене во неговиот превод.

19. По моја наредба беа преземени истражувања и утврдија дека тој град се кревал од памтивека против царевите и дека во него се збиднуваа востанија и буни.

20. И силни цареви царуваа во Ерусалим, кои господареа со сè од онаа страна на Реката: ним им беа плаќани данокот, порезот и царината.

21. И така, заповедајте да биде прекратен потфатот на оние луѓе: тој град не ќе се ѕида додека не одлучам јас за тоа.

Прочитајте целосна глава Неемија 4