Стар Завет

Нов Завет

Неемија 10:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Езра се молеше и ги признаваше гревовите, плачејќи и лежејќи пред Божјиот Дом, се собраа околу него многу Израелци, мажи, жени и деца: и народот плачеше горчливо.

2. Тогаш Сеханиј, синот Јехилов, еден од Еламовите синови, земајќи збор му рече на Езра: „Ние го изневеривме нашиот Бог женејќи се со туѓинки од народите на земјата. Но уште има надеж за Израел.

3. Да го обновиме сега Заветот со нашиот Бог: да ветиме - според советот на мојот господар и на оние, кои чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог - дека ќе ги отпуштиме своите жени туѓинки и децата што ги родиле. И така, да направиме по Законот!

4. Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!”

5. Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.

6. Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците.

7. Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим:

8. а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.

Прочитајте целосна глава Неемија 10