поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10

Стар Завет

Нов Завет

Неемија 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Езра се молеше и ги признаваше гревовите, плачејќи и лежејќи пред Божјиот Дом, се собраа околу него многу Израелци, мажи, жени и деца: и народот плачеше горчливо.

2. Тогаш Сеханиј, синот Јехилов, еден од Еламовите синови, земајќи збор му рече на Езра: „Ние го изневеривме нашиот Бог женејќи се со туѓинки од народите на земјата. Но уште има надеж за Израел.

3. Да го обновиме сега Заветот со нашиот Бог: да ветиме - според советот на мојот господар и на оние, кои чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог - дека ќе ги отпуштиме своите жени туѓинки и децата што ги родиле. И така, да направиме по Законот!

4. Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!”

5. Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.

6. Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците.

7. Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим:

8. а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.

9. Така се собраа сите луѓе од Јуда и Венијамин за три дни во Ерусалим. Тоа беше во деветтиот месец, во дваесеттиот ден на месецот. Сиот народ се смести на ширината пред Божјиот Дом, треперејќи заради сè тоа и заради буен дожд.

10. Тогаш, откако стана, свештеникот Езра им рече: „Вие направивте престап кога се оженивте со туѓинки. Така го зголемивте Израелевиот грев!

11. Но сега заблагодарете Му на Господа, на Бога на своите татковци, и извршете ја Неговата волја па разделете се од народите на земјата и од жените иноплеменички.”

12. Сето собрание одговори со силен глас: „Да, должност ни е да направиме според твојот совет!

13. Но има многу народ, и дождот доаѓа: не може да се стои надвор. Освен тоа, таа работа не е за ден-два, зашто нè има многу, кои згрешивме во тоа.

14. Нашите главатари можат да нè застапуваат на заедничкиот собир: сите кои се оженети, по нашите градови, со туѓинки, можат да дојдат во одредено време во придружба на старешините и судиите на секој град, сè додека не го одвратиме гневот на нашиот Бог заради ова.”

15. Само Јонатан, син Асаилов, и Јазиј, син Текуев, се спротивија, а Месулам и левитот Саветај ги поткрепуваа.

16. Повратниците направија така: се разделија. Свештеникот Езра ги избра за помошници главатарите на татковските домови, и сите беа одредени по име. Почнаа да заседаваат од првиот ден на десеттиот месец, за да испитаат сè.

17. И во првиот ден на првиот месец завршија со сите, кои се беа ожениле со туѓинки.

18. Еве кои беа женети со туѓинки меѓу припадниците на свештенството: меѓу синовите на Исуса, син Јоседеков: Масиј, Елиезер, Јарив и Гедалиј;

19. тие ја дадоа својата рака дека ќе ги отпуштат своите жени и дека за својот грев ќе принесат овен за престап.

20. Од Имировите синови: Ананиј и Зевадиј;

21. од Харимовите синови: Масиј, Илија, Семај, Јехиел и Озиј;

22. од Пасхоровите синови: Елјоенај, Масиј, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа.

23. Од левитите: Јозавад, Симеј, Келај - наречен Келита - Петај, Јуда и Елиезер.

24. Од певците: Елијасив. Од вратарите: Салум, Телем и Уриј.

25. А меѓу Израелците: од Фаросовите синови: Рамиј, Језиј, Малхиј, Мијамин, Елеазар, Малхиј и Венај;

26. од Еламовите синови: Матаниј, Захариј, Јехиел, Авдиј, Јеромот и Илија;

27. Од Затовите синови: Елјоенај, Елијасив, Матаниј, Јеримот, Завад и Азиза;

28. од Виваевите синови: Јоанан, Ананиј, Завај и Атлај;

29. од Вониевите синови: Месулам, Малух, Алај, Јасув, Сеал и Рамот;

30. Од Фат-Моавовите синови: Адна, Хелал, Венај, Масиј, Матаниј, Везелеил, Винуј и Манасиј;

31. од Харимовите синови: Елиезер, Јесиј, Малхиј, Семај, Симеон;

32. Венијамин, Малух, Семариј;

33. од Асумовите синови: Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасиј и Симеј;

34. од Ваниевите синови: Мадај, Амрам и Јоел;

35. Венаја, Ведеј, Хелу,

36. Ванија, Меримот, Елијасив,

37. Матаниј, Матенај и Јасав;

38. од Винуевите синови: Симеј,

39. Селемиј, Натан и Адај;

40. од Закаевите синови: Сасај, Сарај,

41. Азареил, Селемиј, Семарија,

42. Салум, Амариј, Јосиф;

43. од Невовиевите синови: Јесиел, Матаниј, Завад, Зевина, Јадав, Јоел и Венај.

44. Сите овие беа женети со туѓинки; а некои од овие жени им родија и деца.