Стар Завет

Нов Завет

Наум 1:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и стените се распаѓаат пред Него.

7. Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него.

8. Кога потопните води ќе поплават, ќе го уништи наполно нејзиното место, ќе ги протера Своите непријатели во мрак.

9. Што смислувате вие против Господа? Тој уништува до крај; неволјата нема да се подигне двапати.

10. Како трнлив грмушник и како пијаници напиени, како сува слама ќе бидат наполно проголтани.

11. Од тебе произлезе оној, кој смислува зло против Господа, советникот на Велијал.

12. Господ зборува вака: „Нека се подготвени, нека се многубројни, ќе бидат покосени, кога тој ќе помине. Ако те понижив, нема да те понижувам отсега.

13. А сега, ќе го скршам јаремот негов од тебе, ќе ги скинам твоите окови.”

14. Господ наредува против тебе: „Не ќе се сее веќе од твоето име, од капиштето на твоите богови ќе ги истребам резаните и леаните ликови, ќе го направам твој гроб, зашто си презрен.”

15. Гледајте, врз горите се нозете на оној, кој носи Добра вест, кој проповеда: „Мир!” Празнувај ги своите празници, Јудо, исполни ги своите заклетви, зашто Велијал веќе не ќе поминува преку тебе, тој е сосема истребен.

Прочитајте целосна глава Наум 1