Стар Завет

Нов Завет

Наум 1:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштвото за Нинивија; книга на видението на Наум Елкошанецот.

2. Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите.

3. Господ е долготрпелив, ама голем во сила. Никако, Господ нема да ги пушти виновниците неказнети. Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе.

4. Му се заканува на морето и го исушува, ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан.

5. Пред Него горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Него, светот и сè што живее во него.

6. Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и стените се распаѓаат пред Него.

7. Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него.

8. Кога потопните води ќе поплават, ќе го уништи наполно нејзиното место, ќе ги протера Своите непријатели во мрак.

9. Што смислувате вие против Господа? Тој уништува до крај; неволјата нема да се подигне двапати.

Прочитајте целосна глава Наум 1