Стар Завет

Нов Завет

Михеј 6:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Господовиот глас му вика на градот и мудроста ќе го види Твоето Име: „Слушајте го жезалот и Оној, Кој го определил.

10. Зар можам да го поднесувам богатството во домот на безбожниците, со проклета неполна ефа?

11. Можам ли да го оправдам оној кој се служи со крива мерка, со вреќа со измамливи мерилки?

12. Вашите богаташи полни се со насилство, вашите жители зборуваат лага, измамлив е јазикот во нивната уста!

13. Затоа и Јас почнав да те удирам, да те истребувам заради твоите гревови.

14. Ќе јадеш, а нема да се наситиш, ќе останеш гладен; ќе оставаш настрана и ништо не ќе сочуваш; ако и запазиш нешто, Јас ќе го предадам на меч.

15. Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе ја цедиш маслинката, а не ќе се намажеш со масло; ќе газиш грозје, а не ќе пиеш вино.

16. Ги пазиш Амриевите закони и сите дела на Ахавовиот дом, живееш според нивните совети: ќе направам пустина од тебе, потсмев од твоите жители, за да го носите срамот на многу народи.”

Прочитајте целосна глава Михеј 6