поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7

Стар Завет

Нов Завет

Михеј 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте сега што зборува Господ: „Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас!

2. Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел:

3. Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене,

4. Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.

5. Народе Мој, спомни си сега: Што беше наумил Валак, моавскиот цар? Што му одговори нему Валаам, синот Веоров, (спомнете си за сè збиднато) ... од Ситим до Галгал, за да ги познаеш праведните Господови дела?”

6. Со што ќе дојдам пред Господа, ќе паднам ли ничкум пред Сèвишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртва паленица, со телиња годиначиња?

7. Дали ќе Му бидат мили илјада овни, илјада илјади потоци масло? Треба ли да се принесе првородениот син заради својот престап, плодот на својата утроба заради гревот на мојата душа?

8. Човеку, објавено ти е, што е добро, што бара Господ од тебе: да се прави само правда, да се љуби милосрдието и да се оди смирено со својот Бог.

9. Господовиот глас му вика на градот и мудроста ќе го види Твоето Име: „Слушајте го жезалот и Оној, Кој го определил.

10. Зар можам да го поднесувам богатството во домот на безбожниците, со проклета неполна ефа?

11. Можам ли да го оправдам оној кој се служи со крива мерка, со вреќа со измамливи мерилки?

12. Вашите богаташи полни се со насилство, вашите жители зборуваат лага, измамлив е јазикот во нивната уста!

13. Затоа и Јас почнав да те удирам, да те истребувам заради твоите гревови.

14. Ќе јадеш, а нема да се наситиш, ќе останеш гладен; ќе оставаш настрана и ништо не ќе сочуваш; ако и запазиш нешто, Јас ќе го предадам на меч.

15. Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе ја цедиш маслинката, а не ќе се намажеш со масло; ќе газиш грозје, а не ќе пиеш вино.

16. Ги пазиш Амриевите закони и сите дела на Ахавовиот дом, живееш според нивните совети: ќе направам пустина од тебе, потсмев од твоите жители, за да го носите срамот на многу народи.”