Стар Завет

Нов Завет

Михеј 2:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко им е на оние што смислуваат беззаконие и што подготвуваат зло на своите постели! Штом ќе се раздени, тие го извршуваат, зашто силата е во нивната рака.

2. Посакаат ли полиња, ги одземаат и куќи, ги земаат; им прават насилство на човекот и на неговата куќа, на сопственикот и на неговото наследство.

3. Затоа Господ зборува вака: „Еве, му смислувам зло на тој род, од кое не ќе ги извлечете вратовите, ниту ќе одите горделиво, зашто ќе биде лошо време.

4. Во оној ден ќе биде составена пословица за вас, ќе се запее тажачка и ќе се рече: ‘Пропадна! сосем сме запустени, наследството на мојот народ е оттуѓено, и никој да му го врати, нашите ниви поделени им се на другите народи.’”

Прочитајте целосна глава Михеј 2