поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7

Стар Завет

Нов Завет

Михеј 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко им е на оние што смислуваат беззаконие и што подготвуваат зло на своите постели! Штом ќе се раздени, тие го извршуваат, зашто силата е во нивната рака.

2. Посакаат ли полиња, ги одземаат и куќи, ги земаат; им прават насилство на човекот и на неговата куќа, на сопственикот и на неговото наследство.

3. Затоа Господ зборува вака: „Еве, му смислувам зло на тој род, од кое не ќе ги извлечете вратовите, ниту ќе одите горделиво, зашто ќе биде лошо време.

4. Во оној ден ќе биде составена пословица за вас, ќе се запее тажачка и ќе се рече: ‘Пропадна! сосем сме запустени, наследството на мојот народ е оттуѓено, и никој да му го врати, нашите ниви поделени им се на другите народи.’”

5. Затоа не ќе има никој, кој би определил граница за твојот дел во Господовиот собир.

6. „Не пророкувајте, пророци; не пророкувајте им, срамот не ќе се отстрани!

7. О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар Духот Господов е ограничен? Зарем такви Му се делата? Зборовите Мои зар не прават добро на оној кој оди праведно?

8. Вие сами се дигате како непријатели на Мојот народ. На безгрешниот човек вие му ја одземате наметката, на оној кој патува без страв му досудувате воени стравотии.

9. Вие ги истерувате жените на Мојот народ од нивните мили домови; на нивните деца им ја одземате засекогаш славата која им ја дадов:

10. Станете, одете! Ова не е одморалиште! Зашто се онечистивте, тоа ќе ве уништи, да, потполно ќе ве уништи.

11. Кога би можел да биде вдахнат човекот, кој ја измислува оваа измама: ‘Ти пророкувам вино и пијалак,’ тој би бил пророк на овој народ.

12. Ќе те соберам сиот, Јакове, ќе го соберам Израелевиот Остаток! Ќе ги сместам заедно како овци во кошара, како стадо на пасиште - голема врева ќе направат од мноштво на луѓе.

13. Пред нив оди разурнувачот: тие ќе срушат и ќе влезат, низ вратата ќе влезат и ќе излезат; пред нив ќе оди нивниот цар, Господ ќе биде на чело.”