Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 27:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Соопшти им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога некој сака да Му направи на Господа завет што вреди колку еден човек,

3. нека ти биде мерка: маж од дваесет до шеесет години возраст, процени го педесет сикли во сребро, според светилишниот сикал;

4. а женско процени го триесет сикли.

5. А за возраст од пет до дваесет години твоето оценување нека биде: за машко дваесет сикли, а за женско десет сикли.

6. Ако е возраста од еден месец до пет години, проценувањето нека ти биде: за машко пет сикли во сребро; а оценката за женско три сикли во сребро.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 27