Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 20:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. ‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.

11. Човек кој ќе легне со жената на татка си - би ја открил голотата на својот татко - обата нека бидат казнети со смрт, нивната крв нека падне на нив.

12. Ако некој легне со својата снаа, двата нека бидат казнети со смрт. Направија родосквернавење, и нивната крв нека падне на нив.

13. Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.

14. Ако некој се ожени со ќерката и мајка и - тоа е крајна расипаност: нека бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас.

15. Човек кој би општел полово со животно нека биде погубен, убијте го и животното.

16. Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него; убијте ги жената и животното; нека бидат погубени, нивната крв нека падне на нив.’

17. ‘Ако некој се ожени со својата сестра, со ќерката на татка си или со ќерката на мајка си, па ја видел нејзината голота, а таа ја видела неговата - тоа е срамно дело! - нека бидат истребени пред очите на нивниот народ. Тој ја открил голотата на својата сестра - нека го понесе своето беззаконие.

18. Ако некој легне со жена во време на нејзиниот месечен ред и ја открил нејзината голота, го разголил изворот на нејзината крв и таа сама го открила течењето на својата крв; обата нека бидат истребени од својот народ.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 20