Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 19:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Зборувај му на целото општество на Израелевите синови и речи им: ‘Бидете свети, зашто Сум свет Јас Господ, ваш Бог!

3. Бојте се секој од својата мајка и од својот татко; и пазете ги Моите саботи; Јас Сум Господ, ваш Бог!

4. Не обратувајте им се на идолите и не правете си леани богови. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

5. ‘Кога ќе Му принесувате на Господа помирителна жртва, принесете ја така за да биде примена.

6. Изедете ја на денот на принесувањето или утреден. Што ќе остане за задутре нека биде изгорено во оган.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 19