Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 1:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.

8. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.

9. Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’

10. ‘Ако некој сака да принесе жртва паленица од ситниот добиток - од овците или од козите - нека принесе машко без недостаток.

11. Нека го заколе пред Господа, на северната страна на жртвеникот. А Ароновите синови, свештениците, нека го испрскаат со крв жртвеникот од сите страни.

12. Потоа нека ја насечат на делови, а свештеникот нека ги нареди деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 1