Стар Завет

Нов Завет

Јов 8:7-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ќе биде мала твојата мината среќа, во однос на идната што ќе те чека.

8. Но прашај ги само поранешните поколенија, внимавај на мудроста на нивните татковци.

9. Ние сме од вчера и не знаеме ништо, нашите земни денови се како сенки.

10. Тие ќе те поучат и ќе ти речат, од своето срце ќе извлечат беседи:

11. Зар ќе никне рогозата вон мочуриштето? Зар ќе порасте трската без вода?

12. Сета се зелени, но и некосена се исушува пред секоја друга трева.

13. Такви се патиштата на секој што го заборава Бога; така пропаѓа надежта на безбожниците;

14. тенка е нишката на неговото надевање, а неговата надеж е пајакова куќа.

15. Ако се потпре, таа му се ниша, ако се фати за неа, таа му се разурнува.

16. Се зеленее тој и целиот расте бујно на сонцето, млади гранчиња му ја покрија целата градина.

17. Со своите корења ги испреплетка карпите, и црпи живот од жив камен.

18. Но ако некој го откорне од местото, тогаш тоа ќе се одрече од него кажувајќи: никогаш не сум те видел.

19. И еве сега како гине на патот, додека друго билје веќе никнува од земјата.

20. Не, Бог не ќе ги отфрли непорочните, ниту ќе ги потпре рацете на злосторниците.

21. Смевот пак ќе ти ја наполни устата, а од усните ќе одекне воскликнување.

22. Срамот ќе ги облече твоите непријатели и шаторот на злочинците ќе исчезне.”

Прочитајте целосна глава Јов 8