Стар Завет

Нов Завет

Јов 7:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Како што облакот исчезнува и се расплинува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува.

10. Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава.

11. Затоа нема да и бранам на својата уста, ќе зборувам сега во стеснувањето на својот дух, јас ќе плачам во горчливоста на душата.

12. Зар сум море или морско чудовиште, па си поставил стража над мене?

13. Велам ли: „Ќе се смирам на креветот, леглото ќе ми ги олесни маките,”

14. со соништа ме плашиш тогаш, ме ужаснуваш со мачни привиди.

15. Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски.

16. Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив!

17. Што е човекот па Ти толку да го цениш, толку да му прирасна на Твоето срце,

18. и да го посетуваш секое утро и да го испитуваш во секој миг?

19. Кога ќе го симнеш Својот поглед од мене, и да ме оставиш да ја голтнам плунката?

20. Ако згрешив, што ти сторив Тебе, о Ти кој внимателно го набљудуваш човекот? Зошто ме зеде за прицел, па станав терет на себеси.

Прочитајте целосна глава Јов 7