Стар Завет

Нов Завет

Јов 41:25-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Свивањата на месото му се зарастени, цврсти се како да се слеани.

26. Ако го погоди меч, се одбива од него, исто и копјето, сулицата и стрелата.

27. Железото е како сламка за него, бронзата како гнило дрво.

28. Тој не се повлекува пред стрелите од лакот, камењата од каменофрлачот паѓаат како плева врз него.

29. Боздоганот е како сламче за него, му се смее на копјето кога, ќе засвири над него.

30. Остри черепници има на мевот и со нив ја оре тињата како со брана.

31. Под него водовртежот зоврува како грнец, го пени морето како мирисливото масло во котел.

Прочитајте целосна глава Јов 41