Стар Завет

Нов Завет

Јов 40:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Избувни со гнев на жесток оган, понизи го гордиот со еден поглед.

12. Погледај го горделивецот, скрши го, сотри го наместо, секој злосторник.

13. Закопај ги сите нив, заедно, во земјата, затвори ги во мрачна темница.

14. Тогаш и Јас ќе ти дадам пофалба дека се ослободи со својата десница.

15. А сега, ете, разгледај го нилскиот коњ, се храни со трева како добиток,

16. ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот.

17. Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра.

18. Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо.

19. Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч.

20. Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив.

21. Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат.

22. Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби.

23. Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста.

Прочитајте целосна глава Јов 40