Стар Завет

Нов Завет

Јов 37:7-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.

8. Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.

9. Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.

10. Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.

11. И Тој пак ги полни со вода облаците, и облаците почнуваат да светкаат со молњи;

12. кружат насекаде по Неговата волја, што им наложи, тоа ќе извршат, на лицето на целиот земски круг.

13. Ги испраќа - или да ги казни народите, или за земјата или за милост.

14. Послушај го ова, Јове, смири се и разгледај ги чудесните Божји дела.

15. Знаеш ли како Бог ги заповеда нив, како ја пушта молњата од Својот облак? Тоа се чудеса на совршено знаење.

16. Си научил ли како се издигат облаците и

17. како се стоплуваат твоите облеки од жегата, во јужниот ветер, кога земјата се одмара?

18. Зар ти ги распна небесата со Него, цврсти како одлеано огледало?

19. Де, поучи ме што да Му речеме: не се снаоѓаме веќе заради темнината.

Прочитајте целосна глава Јов 37