Стар Завет

Нов Завет

Јов 36:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Елиу продолжи и рече:

2. „Стрпи се, малку, па ќе те поучам, зашто уште не дореков сè за Бога.

3. Своето знаење ќе го изнесам оддалеку, да Го оправдам својот Создавач.

4. Навистина, моите зборови не знаат за лага, пред тебе е човек совршен во знаење.

5. Ете, Бог е силен, но не презира, моќен е со силата на Својот разум.

6. Тој не остава да живее нечесниот, им набавува правда на страдалниците.

7. Тој не ги симнува очите од праведните, ги крева на престоли, покрај царевите, за да бидат возвишени довека.

8. Ако се тие оковани во вериги и сопнати со јажињата на неволјата,

9. Тој им ги напомнува нивните дела, им го кажува гревот на нивната гордост.

10. Тогаш им го отвора увото за опомена и ги призовува да се отстранат од злото.

11. Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост;

Прочитајте целосна глава Јов 36