Стар Завет

Нов Завет

Јов 3:21-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. кои ја бараат смртта, а таа не доаѓа и копаат по неа како по богатство?

22. Тие ќе се радуваат и ќе воскликнуваат од среќа кога би го нашле својот гроб.

23. Зошто му е тоа на човекот, чиј пат е скриен, кого Бог го заградил од сите страни.

24. Затоа гледајќи храна, треба да воздивнам, моите крици се разлеваат како вода.

25. Се обистини моето стравување, еве, ме снајде она од што се боев.

26. Ни покој ни мир нема веќе за мене, во моите маки никогаш немам починка.”

Прочитајте целосна глава Јов 3