Стар Завет

Нов Завет

Јов 23:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Би сакал да знам што би ми одговорил и да го разберам словото што би ми го рекол!

6. Зар Му треба голема сила за препирката? Не, достатно би било Тој да ме сослуша.

7. Би видел праведен во противникот, и тогаш би се ослободил засекогаш од Судијата.

8. Ако тргнам кон исток, не можам да Го најдам; ако тргнам кон запад, не Го согледувам.

9. Барам на север, но не Го забележувам; невидлив е ако се завртам на југ.

10. Па сепак, Тој добро го знае патот по кој чекорам! Нека ме испита: ќе излезам чист како злато!

Прочитајте целосна глава Јов 23