Стар Завет

Нов Завет

Јов 23:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Уште и сега е горчливо моето слово: моите страдања се потешки од моите воздишки.

3. О, кога би знаел како да Го најдам, како да стигнам до Неговиот престол,

4. пред Него би го изложил своето дело, од мојата уста би излегле доказите.

5. Би сакал да знам што би ми одговорил и да го разберам словото што би ми го рекол!

6. Зар Му треба голема сила за препирката? Не, достатно би било Тој да ме сослуша.

7. Би видел праведен во противникот, и тогаш би се ослободил засекогаш од Судијата.

Прочитајте целосна глава Јов 23