Стар Завет

Нов Завет

Јов 15:6-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. сопствената уста те осудува, не јас, твоите усни сведочат сами против тебе.

7. Зар си првиот човек кој се родил? Зар дојде на светот пред ридовите?

8. Зар ти ги прислушкуваше Божјите тајни, и ја присвои за себе целата мудрост?

9. Што знаеш ти, а да не знаеме и ние, што разбираш ти, а да не го сфаќаме тоа?

10. Има меѓу нас и седи и стари, што имаат повеќе години од татка ти.

11. Зар се премали за тебе Божјите утехи и благите зборови упатени до тебе?

12. Зошто твоето срце така слепо те гони и зошто така диво превртуваш со очите?

13. Штом против Бога својот дух го свртуваш, одма од устата ти излегуваат такви зборови!

14. Што е човекот за да може да биде чист? Зар некој роден од жена е праведен?

15. Ете, Тој не се доверува ни на светците, за Неговото око ни небесата не се чисти,

16. а камоли тоа гадно и бунтовно суштество, човекот, кој пие неправда, како вода!

17. Сега, послушај ме мене, сакам да те поучам, сè што сум видел, сакам да ти раскажам,

18. она што мудреците кажуваа, не криејќи го она, што го примија од предците,

19. на кои им беше дадена оваа земја, врз која туѓинец никогаш не стапнал.

20. „Нечесниот се измачува во сиот свој век, на насилникот годините му се веќе доброени.

21. Крик на ужасот постојано му се во ушите, додека мирува, врз него напаѓа истребител.

22. Не се надева дека ќе им избега на темнините и знае добро дека му е наменет на мечот.

23. Тој скита наоколу за леб, велејќи, каде е? тој знае дека му наближува денот на темнината.

Прочитајте целосна глава Јов 15