Стар Завет

Нов Завет

Јов 15:22-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Не се надева дека ќе им избега на темнините и знае добро дека му е наменет на мечот.

23. Тој скита наоколу за леб, велејќи, каде е? тој знае дека му наближува денот на темнината.

24. Немир и неволја го заплашуваат, се нафрлаат врз него, како цар приготвен за бој.

25. Тој подигаше рака против Бога, се осмелуваше да Му се противи на Сèсилниот!

26. Со горделиво чело се спушти кон Него, добро засолнет зад дебел штит.

27. Лицето му беше покриено со маст, и го направи да е здебелен својот крст.

28. Се насели во разурнати градови и се настани во напуштени куќи. Ќе се урне она што создаде за себе.

29. Нема да му цвета богатството, туку ќе се растури, неговата сенка нема да се шири по земјата.

30. Тој веќе нема да и избегне на темнината, оган ќе ги спржи неговите младици, ќе го снема во здивот на пламена уста.

31. Нека не се надева на својата суета, зашто празнота ќе му биде сета награда.

32. Пред време ќе овенат неговите младици, неговите гранки никогаш нема да се раззеленат.

33. Како лозницата ќе го стресува својот незрел грозд, како маслинката ќе ги исфрли цветовите.

34. Да, јалово е безбожничкото колено, и огнот го голта шаторот на поткупливите.

35. Кои зачнуваат зло, раѓаат несреќа и носат измама во својата утроба.”

Прочитајте целосна глава Јов 15