Стар Завет

Нов Завет

Јов 15:10-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Има меѓу нас и седи и стари, што имаат повеќе години од татка ти.

11. Зар се премали за тебе Божјите утехи и благите зборови упатени до тебе?

12. Зошто твоето срце така слепо те гони и зошто така диво превртуваш со очите?

13. Штом против Бога својот дух го свртуваш, одма од устата ти излегуваат такви зборови!

14. Што е човекот за да може да биде чист? Зар некој роден од жена е праведен?

15. Ете, Тој не се доверува ни на светците, за Неговото око ни небесата не се чисти,

16. а камоли тоа гадно и бунтовно суштество, човекот, кој пие неправда, како вода!

17. Сега, послушај ме мене, сакам да те поучам, сè што сум видел, сакам да ти раскажам,

18. она што мудреците кажуваа, не криејќи го она, што го примија од предците,

19. на кои им беше дадена оваа земја, врз која туѓинец никогаш не стапнал.

20. „Нечесниот се измачува во сиот свој век, на насилникот годините му се веќе доброени.

21. Крик на ужасот постојано му се во ушите, додека мирува, врз него напаѓа истребител.

22. Не се надева дека ќе им избега на темнините и знае добро дека му е наменет на мечот.

23. Тој скита наоколу за леб, велејќи, каде е? тој знае дека му наближува денот на темнината.

24. Немир и неволја го заплашуваат, се нафрлаат врз него, како цар приготвен за бој.

25. Тој подигаше рака против Бога, се осмелуваше да Му се противи на Сèсилниот!

Прочитајте целосна глава Јов 15