Стар Завет

Нов Завет

Јов 13:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Јас го видов сè тоа со своите очи, чув со своите уши и разбрав.

2. Сè што знаете вие тоа го знам и јас, во ништо не сум полош од вас.

3. Затоа, треба да зборувам со Сèдржителот, да ја изложам својата причина пред Бога.

4. Зашто, вие сте вистински ковачи на лагата и вие сте сите напразни лекари!

5. Кога бисте знаеле да молчите, ќе ја покажевте својата мудрост!

6. Сепак слушајте ги моите докази, чујте ја причината на моите усни.

7. Зар заради Бога зборувате лаги и зар заради Него се тие измамливи зборови?

8. Зар сакате пристрасно да Го браните Бога? Зар сакате да Му бидете застапници?

9. Зар би било добро Тој да ве испита? Зар бисте Го измамиле како човек?

Прочитајте целосна глава Јов 13