Стар Завет

Нов Завет

Јона 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Јона се помоли на Господа, својот Бог, од рибината утроба.

2. Тој рече: Во својата неволја извикав кон Господа и Тој ме послуша; извикав од утробата на Подземјето, и Ти ми го чу гласот.

3. Ти ме фрли во длабочината, во срцето на морето, и водата ме опкружи. Сите Твои поплави и бранови минаа преку мене.

4. Реков: ‘Отфрлен сум од пред Твоите очи. Но сепак ќе погледнам повторно кон Твојот свет храм.’

5. Водите ме опкружија дури до душата моја, бездната ме опколи. Тревите ми ја завиткаа главата,

Прочитајте целосна глава Јона 2