Стар Завет

Нов Завет

Јоил 3:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Побрзајте и дојдете, сите околни народи, и соберете се онаму! (Господи, испрати ги онаму Твоите јунаци).

12. „Станете народи, дојдете во Долината Јосафат, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи.

13. Фаќајте се за српот: жетвата е зрела. Станете, слезете, бочвата е полна, каците се прелеваат, зашто е голема нивната нечесност.”

14. Мноштво, мноштво, во Долината на Пресудата! Зашто е близу Господовиот Ден, во Долината на Судот!

15. Сонцето и месечината ќе потемнат, ѕвездите ќе ја изгубат својата светлина,

16. Господ ќе загрми од Сион, ќе дига глас од Ерусалим; небото и земјата ќе се тресат. Ама Господ ќе биде заштита на Својот народ и заштита на синовите на Израел.

17. „Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ ваш Бог, Кој престолува на Сион, на Мојата Света Гора. Ерусалим ќе ти биде светилиште, туѓинец веќе не ќе мине низ него.”

18. Кога ќе дојде тој ден, горите ќе капат слатко вино, од бреговите ќе тече млеко, водата ќе затече низ сите речни корита во Јудеја. Извор ќе бликне од Господовата куќа за да ја напои Ситимската Долина.

Прочитајте целосна глава Јоил 3