Стар Завет

Нов Завет

Јоил 2:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Трубете во труба на Сион! Дајте тревога на светата ми гора! Нека треперат сите жители на земјата, зашто доаѓа Господовнот ден. Да, тој е близу.

2. Ден полн со мрак и темнина, облачен и темен. Како зора по горите се шири јак и многуброен народ, каков немаше никогаш порано. ниту ќе го има некогаш до најдалечните времиња.

3. Пред нив огнот изедува, по нив пламенот голта. Земјата е како рајска градина пред него, а по него тажна пустина. Ништо не му бега.

4. Личат на коњи, трчаат како коњаници.

Прочитајте целосна глава Јоил 2