4. Не давај им сон на своите очи ни дремка на своите клепки.
5. Истргај се како газела од раката на ловецот и како птица од рацете на птичарот.
6. Оди при мравката, о мрзливецу набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар:
7. Таа нема водич, надзорник ни настојник,
8. се грижи за храната лете и прибира јадење во време на жетвата.
9. А ти, мрзливецу, до кога ќе спиеш? Кога ќе се разбудиш од својот сон?
10. Уште малку поспиј, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за одмор,
11. и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и твојата скудност како вооруженик.
12. Лукавиот човек, нечесниот човек, оди со лажлива уста,
13. намигнува со очите, тропа со нозете, покажува со прстите;
14. измамите му се во срцето, сонува зло во секое време, сее раздори.