Стар Завет

Нов Завет

Изреки 4:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. зашто се живот за оние кои ги наоѓаат и исцелување на сето нивно тело.

23. А над сè чувај го своето срце, зашто животот извира од него.

24. Држи ја далеку од себе лажливата уста, и оддалечувај ги од себе измамливите усни.

25. Нека твоите очи гледаат право напред, и нека твојот поглед биде секогаш прав.

26. Внимавај на патеката по која одиш, и нека сите твои патишта бидат постојани.

27. Не свртувај ни десно ни лево; држи ја својата нога далеку од злото.

Прочитајте целосна глава Изреки 4