1. Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте за да ја сознаете мудроста,
2. зашто ви давам добра наука: Не оставајте го мојот закон.
3. И јас бев син на својот татко и нежен единец на својата мајка;
4. и тој ме учеше и ми зборуваше: „Задржи ги моите зборови во своето срце, почитувај ги моите заповеди, и ќе живееш.
5. Придобивај мудрост, придобивај разум, не ги заборавај и не отстапувај од зборовите на мојата уста.
6. Не ја оставај, и ќе те чува; љуби ја и ќе те одбрани.
7. Почетокот на мудроста е: придобивај мудрост за себе и со сиот свој имот придобивај разум.
8. Величај ја и ќе те возвиши; кога ќе ја прегрнеш ќе ти донесе слава,
9. ќе ти стави прекрасен венец на главата, и ќе ти подари славна круна.”