Стар Завет

Нов Завет

Изреки 31:25-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината.

26. Мудро ја отвора својата уста, и побожна наука и е на јазикот.

27. Внимава на поведението на своите домашни, и не го јаде лебот на мрзливоста.

28. Нејзините синови се подигаат и ја наречуваат среќна, и нејзиниот маж ја фали:

29. „Многу жени беа добродетелни, но ти ги надминуваш сите.”

30. Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: Жена со страв од Господа, заслужува пофалба.

31. Дајте и од плодот на нејзините раце, и нека нејзините дела ја прославуваат на Вратите.

Прочитајте целосна глава Изреки 31