Стар Завет

Нов Завет

Изреки 31:19-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Со рацете посегнува по предилката, и со прстите го држи вретеното.

20. Ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној кој има потреба.

21. Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.

22. Сама си шие покривачи, се облекува во лен и во црвено сукно.

23. Мажот и е славен на Вратите, каде што седи со земните старешини.

24. Ткае платно и го продава, и дава појаси на трговецот.

25. Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината.

26. Мудро ја отвора својата уста, и побожна наука и е на јазикот.

27. Внимава на поведението на своите домашни, и не го јаде лебот на мрзливоста.

28. Нејзините синови се подигаат и ја наречуваат среќна, и нејзиниот маж ја фали:

29. „Многу жени беа добродетелни, но ти ги надминуваш сите.”

30. Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: Жена со страв од Господа, заслужува пофалба.

31. Дајте и од плодот на нејзините раце, и нека нејзините дела ја прославуваат на Вратите.

Прочитајте целосна глава Изреки 31