Стар Завет

Нов Завет

Изреки 24:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Мислата на безумникот е грев, и потсмевачот им е омразен на луѓето.

10. Ако покажеш малодушност во ден на беда, твојата сила е мала.

11. Избави ги оние кои ги влечат во смрт, и спасувај ги оние што одат на губилиште.

12. Ако речеш: „Не знаевме за тоа, не разбира ли Оној, кој ги испитува срцата? И не знае ли Оној, Кој ти ја чува душата? И не плаќа ли Тој секому според неговите дела?

13. Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло,

14. така е знај, и мудроста за твојата душа: ако ја најдеш, ја најде иднината, и твојата надеж нема да пропадне.

15. Не поставувај нечеснику, заседа на праведниковото живеалиште; не прави насилство на неговото мирно престојувалиште;

16. зашто, ако праведникот падне и седумпати, тој станува, а нечесните пропаѓаат во несреќа.

17. Не се радувај кога ќе падне твојот непријател, и не воскликнувај со срцето кога ќе се подлизне,

18. за да не види Господ и за да не го земе тоа за зло, па да го сврти Својот гнев од него кон тебе.

19. Не се гневи заради злочинците, не им завиди на нечестивите,

Прочитајте целосна глава Изреки 24