1. Не завиди им на нечесните луѓе, ниту посакувај да бидеш со нив,
2. зашто нивното срце смислува насилство и усните зборуваат за зло.
3. Со мудрост се гради куќа, и со разумност се утврдува,
4. и преку знаење се полнат собите со секакви благопријатни и скапоцени богатства.
5. Мудриот човек се зацврстува, и човек со знаење расте во сила.
6. Зашто со размислување се оди во војна, и победата е од многу советници.
7. За безумниот мудроста е превисока, затоа на судот не ја отвора својата уста!
8. Кој смислува зло, се вика подмолен сплеткар.
9. Мислата на безумникот е грев, и потсмевачот им е омразен на луѓето.
10. Ако покажеш малодушност во ден на беда, твојата сила е мала.
11. Избави ги оние кои ги влечат во смрт, и спасувај ги оние што одат на губилиште.
12. Ако речеш: „Не знаевме за тоа, не разбира ли Оној, кој ги испитува срцата? И не знае ли Оној, Кој ти ја чува душата? И не плаќа ли Тој секому според неговите дела?
13. Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло,