Стар Завет

Нов Завет

Изреки 11:17-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Милостивиот човек сам си прави добро, а жестокиот го измачува сопственото тело.

18. Нечесниот човек придобива измамлива печалба, а кој сее правда, има сигурна награда.

19. Кој е цврст во справедливоста, оди во живот, а кој трчи по злото, за смрт му е.

20. Одвратни му се на Господа нечесните во срцето, а непорочните во патот му се благоугодни.

21. Навистина, зол човек не ќе помине без казна, а потомството на праведникот ќе се избави.

22. Златна обетка на носот на свињата: таква е убава жена а без разум.

23. Праведничката желба е само добро, а очекувањето на нечесните гнев.

24. Кој дели изобилно, сè повеќе има, а кој скржави сè е посиромашен.

25. Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои.

26. Кој не дава жито, народот го колне, а благословот е над главата на оној што го продава.

27. Кој се стреми кон добро, наоѓа милост, а кој оди по злото, тоа ќе го снајде.

28. Кој се надева на богатство, пропаѓа, а праведните ќе цветат како зелено лисје.

29. Кој ја запустува својата куќа, ќе наследи ветер, а неумниот му е слуга на умниот по срце.

30. Праведниковиот плод е дрво на животот, а мудрец е, кој придобива души.

31. Ако на праведникот му се плаќа за заслуженото на земјата колку повеќе на нечесниот и на грешниот.

Прочитајте целосна глава Изреки 11