Стар Завет

Нов Завет

Изреки 11:14-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Каде нема раководство народот пропаѓа, а при многу советници, тој се избавува.

15. Многу лошо поминува кој емчи за друг, а без страв е кој го мрази емството.

16. Благочестивата жена придобива слава, а трудољубивите мажи богатство.

17. Милостивиот човек сам си прави добро, а жестокиот го измачува сопственото тело.

18. Нечесниот човек придобива измамлива печалба, а кој сее правда, има сигурна награда.

19. Кој е цврст во справедливоста, оди во живот, а кој трчи по злото, за смрт му е.

20. Одвратни му се на Господа нечесните во срцето, а непорочните во патот му се благоугодни.

21. Навистина, зол човек не ќе помине без казна, а потомството на праведникот ќе се избави.

22. Златна обетка на носот на свињата: таква е убава жена а без разум.

23. Праведничката желба е само добро, а очекувањето на нечесните гнев.

Прочитајте целосна глава Изреки 11