Стар Завет

Нов Завет

Изреки 11:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Неразумникот го презира својот ближен, додека умниот човек молчи.

13. Кој оди со клеветата, ја открива тајната, а човек со верен дух ја чува тајната.

14. Каде нема раководство народот пропаѓа, а при многу советници, тој се избавува.

15. Многу лошо поминува кој емчи за друг, а без страв е кој го мрази емството.

16. Благочестивата жена придобива слава, а трудољубивите мажи богатство.

17. Милостивиот човек сам си прави добро, а жестокиот го измачува сопственото тело.

Прочитајте целосна глава Изреки 11