Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 9:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ако не го пуштиш, сите свои зла ќе ги навалам овој пат врз тебе, врз твоите службеници и врз твојот народ, така да сознаеш дека нема никој, на целата земја, каков што Сум Јас.

15. Да ја спуштев Својата рака и да ве удрев со помор, тебе и твојот народ, ќе ве снемаше од земјата.

16. Те поштедив за да ја покажам Својата сила и за да се објави Моето име по целата земја.

17. Ама ти се воздигнуваш премногу над Мојот народ и му пречиш да замине.

18. Утре, во ова доба, ќе пуштам толку страшен град, каков немаше во Египет од кога е создаден до денес.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 9