Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 9:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани наутро, излези пред фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го народот да замине и да ми искаже почитување.

14. Ако не го пуштиш, сите свои зла ќе ги навалам овој пат врз тебе, врз твоите службеници и врз твојот народ, така да сознаеш дека нема никој, на целата земја, каков што Сум Јас.

15. Да ја спуштев Својата рака и да ве удрев со помор, тебе и твојот народ, ќе ве снемаше од земјата.

16. Те поштедив за да ја покажам Својата сила и за да се објави Моето име по целата земја.

17. Ама ти се воздигнуваш премногу над Мојот народ и му пречиш да замине.

18. Утре, во ова доба, ќе пуштам толку страшен град, каков немаше во Египет од кога е создаден до денес.

19. Затоа нареди да го дотераат под покрив твојот добиток и сè што е надвор, на отворено. Сè што ќе се најде надвор во полето, било човек било животинче, ќе загине кога градот ќе запаѓа врз нив, ако не бидат воведени внатре.”‘„

20. Фараоновите службеници, кои се уплашија од Господовиот говор, ги дотераа внатре своите слуги и својот добиток.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 9