Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 7:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Наутро тргни кон фараонот. Кога ќе излезе при водата, застани пред него на брегот на Реката. Земи го во раката стапот, што беше претворен во змија.

16. Кажи му: ‘Господ, Бог на Евреите, ме испрати при тебе со порака да го пуштиш Мојот народ, за да ми искаже почитување во пустината. Ама сè досега ти не послуша.’

17. Господ порачува вака: ‘Со ова ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’ Гледај! Со стапот што го имам во раката ќе ја удрам водата во Реката, и ќе се претвори во крв.

18. Рибите ќе пцовисаат во Реката; Реката ќе засмрди и ќе се гнасат Египетците да пијат вода од Реката.’”

19. Уште Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона да го земе својот стап и да ја протегне својата рака врз египетските води: врз нивните реки, нивните потоци, нивните езерца, врз сите нивни водени собиралишта, да се претворат во крв; нека е крв низ сета Египетска Земја; па и во дрвените и камените садови.”

20. Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Господ. Арон го крена својот стап и пред очите на фараонот и неговите службеници удри по водата во Реката. Сета вода во реката се претвори во крв.

21. Рибите пцовисаа во Реката; Реката засмрди, така што Египетците не можеа да пијат вода од Реката; крв имаше низ целата Египетска Земја.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 7