Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 5:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Мојсеј и Арон отидоа и му рекоа на фараонот: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Пушти го Мојот народ да отиде и да прослави свеченост во Моја чест.’”

2. „Кој е Тој Господ за да Го послушам јас - одговори фараонот - и да ги пуштам Израелците? Јас не Го познавам Тој Господ, ниту ќе ги пуштам Израелците.”

3. „Бог на Евреите ни се јави - рекоа. Затоа пушти нè да одиме три дни одење во пустината и да Му принесеме жртва на Господа, својот Бог, за да не нè нападне со помор или со меч.”

4. Тогаш египетскиот цар им одговори: „Мојсеј и Арон, зошто го одвлечкувате народот од неговата должност? Одете на својата работа.

5. Сега кога луѓето се умножија толку - продолжи фараонот - вие сакате да ги остават работите?”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 5