Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 23:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови.

27. Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.

28. Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.

29. Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.

30. Ќе ги терам пред тебе малку по малку додека ти порасте потомството, така што ќе ја заземеш земјата.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 23